Од денеска почнуваат новите мандати на избраните градоначалници во Гази Баба, Бобан Стефковски, во Илинден, Александар Георгиевски и во Петровец, Борче Митевски, откако вчера Државната изборна комисија им ги додели Уверенијата за избор.
Тројцата градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, кои беа избрани во првиот круг од локалните избори на своите профили на социјалните мрежи уште еднаш се заблагодарија до гласачите и напишаа дека се што ветиле во кампњата уште од денес ќе почнат да го реализираат.
Вчера и избраните советници во Град Скопје ги добија своите уверенија.
Даме Димитровски, кој на локалните избори ја предводеше советничката листа за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, објави:„Ова не е само формален почеток, туку почеток на нов начин на работа. Советот ќе функционира јавно, транспарентно и отчетно, со единствена цел: во служба на граѓаните на Скопје. ️ Ќе поставиме темелни политики кои ќе донесат ред, функционалност и квалитетен живот во градот.“
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
