Во Вардар пак пливат повеќе пластични шишиња отколку риби. Разниот отпад и илјадниците шишиња прво беа снимени во тетовското село Копанце, а полека си дојдоа во Скопје.
Тука, шишињата пливајќи грбно ги разгледуваа знаменитостите на главниот град – седиштето на Владата, па Камениот мост, подзастануваа кај Галиите каде некои и решија да останат, најверојано подучени од шишиња кои низ годиниве поминуваат низ Скопје – дека тука ретко некој ќе ги подзачисти. Шишињата беа поздравени и од стаорците кои шетаа на кејот. Немаше само работници кои ќе се трудеа барем малку да го подзачистат овој голем срам.
А ваквиот срам трае со години. Никој не најде начин ова барем да го минимизира. Не се откри ниту кој povremeno пушта волку големи количини на отпад во Вардар. А слушамне многу ветувања низ годиниве.
И така…, на улиците во Скопје ѓубре, во Вардар ѓубре, го пази ли некој Водно, уште таму остана колку толку чисто?
