Партиите и јавноста се уште ги анализираат бројките кои произлегоа од локалните избори. Уште на прв поглед упаѓа во очи и големата бројка на неважечки ливчиња.
Членовите на општинските изборни комисии изброија точно 50.000 неважечки ливчиња, што е дури 5,7% од сите гласови.
Овие треба да ги загрижи партиите. Оти, ако „неважечките ливчиња” беа партија тие ќе се позиционираа на шестото место според освоени гласови, зад Левица, а пред ЗНАМ.
Што е причината за вака рапидно зголемениот број на поништени изборни ливчиња во споредба со минатите избори?
Некој ќе искоментира – луѓето погрешиле. Но кога грешката се повторува 50.000 пати, тоа веќе не е случајност, туку очигледна порака.
На социјалните мрежи граѓаните пишуваат дел од пораките: „Уморни сме од политичари чии ветувања траат само во кампања; Бев да гласам оти ме принудуваа, ама позади параванот им кажав што мислам за нив; Револтиран сум и сакав тоа да им го покажам…“, беа дел од пораките.
Партиите се на потег ова да се намали. Особено се на потег избраните функционери.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
