Хрватското Министерство за одбрана најави дека од 1 јануари 2026 ќе се воведе задолжителен воен рок, а основната обука ќе трае два месеца. Претходно, се очекува дека законите за одбрана и за службата во оружените сили ќе бидат изгласани во парламентот до почетокот на декември. За време на обуката ќе се спроведе и медицински преглед за спосoбност, но без тестирање на дрога, поради правни ограничувања. Во регионот, претходно, и Србија одлучи да воведе задолжителен краток воен рок за својата младина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
