Многу дивоградби се распослани низ Скопје. Вчерашната информација дека ќе се рушат дивоизградените објекти на спортскиот аеродром Стенковец охрабруваат дека конечно ќе се застане на патотот на незаконските градења.
Но, скопјани прашуваат дали охрабрувањето ќе има краткотрајно дејствие.
-Искуството ни вели дека ќе им простат на многуте дивоградби. Бараме овој пат да тргнат потемелно во рушењето и конечно да воведат ред во скопскиот градежен хаос, истакна еден граѓанин на социјалните мрежи.
Друг скопјанец потсети на спектакуларната најава од пред 5-6 години за војна против дивоградбите на тогашната влада на Зоран Заев која почна со рушењето на објектот пред Мавровка. Но и заврши само на тоа. Потсети и на дивоградби кои во Чаир и сега стојат недопрени.
За да не биде и ова акција во Стенковец само изолиран случај треба да се продолжи со активностите низ цело Скопје. Воедно, сите кандидати за градоначалници за престојните избори најавуваат ревизии на урбанистичките планови, но дали ќе ги спроведат кога ќе бидат избрани?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
