Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. Според најавите вечерва главниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Битола, а на СДСМ во Струга и Охрид. Левица ќе биде во Гостивар и Тетово. И другите партии своите кандидати и програми ќе ги претставуваат пред македонските гласачи. Прва Скопска ТВ ја следи изборната кампања на кандидатите за градоначалници во скопските и околните општини, како и за град Скопје преку специјална Изборна хроника секој ден од 17, 19 и 23,20 часот, во која покрај извештаите објавува и интервјуа со кандидатите. Денеска во рамките на Изборната хроника ќе ги објавиме кандидати на Левица за градоначалници на Кисела Вода, Јане Ацевски и за Аеродром, Марјан Димитриевски. Изборната кампања почна во понеделникот, а ќе трае до 17 октомври на полноќ. Потоа следува 24-часовен молк, пред гласањето на 19 октомври.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
