Во Сочи се сретнаа рускиот претседател Владимир Путин и доскорешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Путин ја искажал својата поддршка кон Додик, нагласувајќи дека Русија ја поддржува имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор и оти е „неприфатливо мешањето на други во внатрешните работи на Босна и Херцеговина”. Воедно Рускиот претседател истакна и дека некои европски центри се обидуваат да направат шарена револуција во Србија. Инаку, на Додик пред неколку месеци му забранија да биде претседател на ентитетот, поради пресуда на сараевскиот суд, а по налог на специјалниот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина кој босанските Срби не го признаваат за легитимен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
