Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија
    Економија

    46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Шест големи хидроелектрани во земјава ќе бидат модернизирани со инвестиција од околу 46 милиони евра, со цел продолжување на нивниот работен век, зголемување на производството и поголема сигурност на електроенергетскиот систем.

    Проектот опфаќа реконструкција и модернизација на хидроелектраните „Вруток“, „Врбен“, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“ и „Глобочица“, кои се дел од трите хидроенергетски системи – „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“.

    Средствата се обезбедени преку заем од германската развојна банка КФВ и грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Од вкупната вредност, 35 милиони евра се обезбедени како заем од КФВ, додека околу 10,7 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

    Во рамки на проектот ќе биде заменета застарената опрема, што според АД ЕСМ треба да придонесе за намалување на прекините во работењето, подобрување на безбедноста на постројките и зголемување на нивната ефикасност.

    Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, посочи дека модернизацијата ќе има директни ефекти врз производството и работењето на компанијата.

    „Со модернизацијата го продолжуваме работниот век и го зголемуваме инсталираниот капацитет кај големите хидроелектрани за дополнителни 13,5 мегавати. Со тоа обезбедуваме ново годишно производство од 50 гигават-часови чиста електрична енергија“, изјави Узунчев.

    Тој додаде дека зголеменото производство и поголемиот обем на системски балансни услуги се очекува да донесат најмалку пет милиони евра дополнителни годишни приходи за ЕСМ.

    Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот ќе придонесе за зајакнување на производните капацитети на компанијата, особено во делот на обновливите извори на енергија.

    „Со самата модернизација практично ќе се зголеми и произведеното количество електрична енергија, а ќе се обезбеди и поголема флексибилност на електроенергетскиот систем“, рече Мицкоски.

    Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, посочи дека Македонија располага со значаен хидропотенцијал, но дека за негово подобро искористување потребна е модернизација на постојните капацитети.

    „ЕУ придонесе за ревитализација на шест хидроелектрани со грант од околу 11 милиони евра. Преку Планот за раст ќе продолжиме со финансиска и советодавна поддршка за енергетскиот сектор“, изјави Рокас.

    Поврзани вести:

    Предлог-буџет за 2027 година: 7,2 милијарди евра расходи, најмногу пари за пензии, плати и здравството

    Предлог-буџет за 2027 година: 7,2 милијарди евра расходи, најмногу пари за пензии, плати и здравството

    Експозитура на Алта банка во Прилеп се отвора во понеделник, лимит од 20.000 денари за клиентите

    Експозитура на Алта банка во Прилеп се отвора во понеделник, лимит од 20.000 денари за клиентите

    УЈП објави нова листа на должници: Над 5.200 граѓани и компании должат повеќе од 14 милијарди денари

    УЈП објави нова листа на должници: Над 5.200 граѓани и компании должат повеќе од 14 милијарди денари

    Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, дефицитот останува 46,3 милијарди денари

    Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, дефицитот останува 46,3 милијарди денари

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Предлог-буџет за 2027 година: 7,2 милијарди евра расходи, најмногу пари за пензии, плати и здравството

    13/11/2026

    Експозитура на Алта банка во Прилеп се отвора во понеделник, лимит од 20.000 денари за клиентите

    13/11/2026

    УЈП објави нова листа на должници: Над 5.200 граѓани и компании должат повеќе од 14 милијарди денари

    12/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.