Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција.
Енергетиката, посочи Ристов, не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата – рече Ристов.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
