22 – то издание на Танц фест започнува во Скопје на 18 април, со настап на балетски ѕвезди од Париската опера. На отворањето ќе настапи и балерината Роксан Стојанов, француска уметница со македонско потекло, прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и натпревар за наградата „Роксан Стојанов”, наменета за млади балетски уметници од 16 до 20 години. Победникот ќе добие седумдневен престој во Париз и можност за менторство од Роксан Стојанов. Фестивалот ќе трае до 5 мај и ќе понуди богата програма со настапи, танцова платформа и форум за танц и технологија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
