Жителите на станбениот комплекс на улицата „Антон Попов 1“ во Скопје изразија загриженост поради најавената изградба на влезот во подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“.
Тие стравуваат дека планираните градежни работи би можеле да влијаат врз безбедноста и статиката на зградата и бараат повеќе информации од Град Скопје.
Велат дека доколку не добијат официјален одговор и јавна презентација на проектот, ќе организираат протести.
Од Град Скопје уверуваат дека нема да има големи ископи, дека пристапот
до зградата ќе биде обезбеден и дека изградбата ќе се одвива под
постојан стручен надзор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
