Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот, вработените се префрлaат во Министерството за култура и туризам
    Култура

    Згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот, вработените се префрлaат во Министерството за култура и туризам

    30/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на  Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието.

    Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе има и нови простории за што нема да се плаќа  кирија како досега во Градскиот трговски центар.

    -Сите постапки и сите вработени ќе преминат на една адреса, а тоа е Министерството за култура и туризам. Се надевам дека после осумте дена по објавувањето во Службениот весник, ќе пристапиме кон преземање на вработените, на имотот, сѐ она што поседува Агенцијата за поддршка на туризмот. Сите адреси ќе бидат упатени само кон една институција и повеќе нема да се плаќа кирија, којашто ја плаќаше Агенцијата за поддршка на туризмот во ГТЦ туку обезбедивме и нови просторни услови – првите два ката во зградата што сега ја користи Министерството за енергетика. Така што и тука ќе се намалат трошоците, ќе добиеме многу посоодветни услови, поцентрално место, повидливо и, конечно, сега продолжуваме комплетно како Министерство за култура и туризам, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

    Посочи дека претходно, за да може да се преземат побрзо 30-ината вработени и да бидат подготвени во овој процес, била направена измена во систематизацијата во Министерството.

    -Со ребаланс на буџетот веќе го имаме обезбедено и буџетот од Агенцијата за поддршка на туризмот, така што сме веќе комплетирани, додаде министерот во изјава за медиумите.

    Со ребалансот на буџетот наменет за Агенцијата за поддршка на туризмот, во Министерството за култура и туризам дополнително се обезбедуваат 605 милиони денари или околу 10 милиони  евра. Тие се распределени во неколку ставки и ќе бидат искористени за поддршка и промоција на културата и туризмот: за активности на Плаошник, Скопското кале, за Агенцијата за филм итн.

    Министерот соопшти дека е формирана работна група за унапредување на дејноста туристичките водичи на состанок што го имале со нив и со здруженијата од државава.

    – Донесовме неколку заклучоци, за големите болки што ги имаат туристичките водичи, а и ние како држава – искривувањето на вистината на нелегалните туристички водичи коишто доаѓаат и од други земји, но и од нашава земја, и кои прават голема штета на Македонија. Во наредниов период ќе треба да ги спроведеме заклучоците и да се заштитиме од таквите влијанија понатаму, рече Љутков.

    Паралелно со подготовка на нова стратегија за културата, по истекот на претходната во 2022, Министерството подготвува и Стратегија за туризмот за периодот 2027-2032.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.