Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Зеленски и Трамп ќе имаат клучна средба во Њујорк
    Свет

    Зеленски и Трамп ќе имаат клучна средба во Њујорк

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски заминува во Соединетите Американски Држави, каде што се очекува да оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Според најавите, разговорите ќе се одржат на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, додека дипломатските тимови на двете земји ги финализираат деталите околу агендата.

    Зеленски потврди дека веќе имал телефонски разговор со Трамп, при што било договорено двајцата лидери да се сретнат во Њујорк.

    „Се договоривме да се сретнеме во Њујорк, а оваа средба може да донесе значајни промени. Постои дипломатска динамика“, изјави украинскиот претседател.

    Тој посочи дека Киев подготвува конкретни предлози за деескалација на конфликтот, како и иницијативи поврзани со енергетската и прехранбената безбедност, заштитата на цивилното население и други клучни безбедносни прашања.

    „Работиме заедно со американскиот тим и подготвени сме да преземеме навистина сериозни чекори“, нагласи Зеленски.

    Според најавите, главни теми на средбата ќе бидат можностите за интензивирање на дипломатските напори за запирање на војната во Украина, безбедносните гаранции за земјата, дополнителната американска воена помош, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, како и обезбедувањето сигурни коридори за извоз на енергенси и земјоделски производи.

    Средбата се организира по серијата дипломатски посети на американски претставници во Киев и Москва. Од украинска страна оценуваат дека директната комуникација со Вашингтон на највисоко ниво отвора можност за нов дипломатски импулс во напорите за изнаоѓање решение за конфликтот.

    Во рамки на Генералното собрание на ОН се очекува да се одржи и средба меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

    Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе отпатува за Њујорк, каде што најпрво ќе има средба со градоначалникот Зохран Мамдани, пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Обединетите Нации, која започнува во вторник.

    Поврзани вести:

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    Нов изборен удар за Мерц: АфД прва во Мекленбург, Левица го освојува Берлин

    Нов изборен удар за Мерц: АфД прва во Мекленбург, Левица го освојува Берлин

    Иран постави седум услови за почеток на преговори со САД

    Иран постави седум услови за почеток на преговори со САД

    Иран испратил 7 услови до САД за прекин на војната

    Иран испратил 7 услови до САД за прекин на војната

    Негативен рекорд во Франција: Јавниот долг расте на 119,3 % од БДП

    Негативен рекорд во Франција: Јавниот долг расте на 119,3 % од БДП

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    зеленски њујорк ОН сад средба трамп Украина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    21/09/2026

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    21/09/2026

    Премиерот Мицкоски на средба со Македонците во САД

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.