Во паркот на булевар „Февруарски Поход” денеска општина Аеродром засади нови дрвја, соопшти градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и додаде дека запуштената локација повторно е убаво уредено зелено катче.
Со стотици нови висококвалитетни садници низ целата општина, тој вели дека ќе продолжат со силно темпо да го прават Аеродром позелен и поубав.
„Ова не е само акција – ова е заедничка мисија за почист, похуман и позелен град”, порача Митески.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
