„Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат по губење на нивните работни места по распоредување и губење на нивната плата. Но без оглед на тоа – Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата“, претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трандафилов, на почетокот на денешниот протест за покачување на минималната плата.
Тој рече и дека зголемувањето на минималната плата е неопходно во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби.
„Сметаме дека во месец март мора да се зголеми минималната плата, затоа што тие не ја даваат, туку затоа што ние како работници ја заработуваме и затоа што им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат“, изјави Трендафилов.
Според него, сегашните предлози за усогласување на минималната плата се недоволни и не ја следат реалната состојба со цените и животниот стандард.
ССМ го отфрла законското усогласување од 1.667 денари со конкретен аргумент: само во последните два месеца вредноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2.000 денари – усогласувањето не го покрива ни растот на трошоците за живот.
Протест, организиран од ССМ, започна во 12:05 часот пред Работничкиот дом во Скопје, на улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар. Од Синдикатот најавија 24-часовен генерален штрајк.
