Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Законските измени за линеарно покачување на пензиите по скратена постапка во Собранието
    Економија

    Законските измени за линеарно покачување на пензиите по скратена постапка во Собранието

    24/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Собранието денеска во рамки на 63. седница на натамошно читање ги проследи измените и дополнувањата на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите. Измените се носат по скратена постапка, така што Собранието ја задолжи Комисијата за социјална политика демографија и млади како матично работно тело и Законодавно-правната комисија да расправаат по овој закон.

    На дневен ред на оваа седница беа додадени и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се носат исто така по скратена постапка и се дадени на натамошно читање.

    Со Предлогот на законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвидува местото за поднесување на барањето за остварување на право на пензиско и инвалидско осигурување да биде местото на живеење на осигуреникот и се обезбедува соодветно усогласување на пензиите. Пред пратениците го образложи заменик министерот Ѓоко Велковски, кој кажа дека тој се носи во скратена постапка за да можат на 1 септември пензинерите да земат поголеми пензии.

    Како што се посочува во законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за зголемување на пензиите пресметан како збир од 50 отсто на порастот на индексот на трошоците на живот и 50 отсто на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во претходното полугодие во
    однос на полугодието што му претходи, објавени од Државниот завод за статистика, се дели со вкупниот број  корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 31 август 2025 година, односно 28 февруари 2026 година. Пензиите ќе се зголемат за 2000 денари.

    Предлогот за измени на Законот за здравственото осигурување, како што кажа пратеникот Петар Марков, кој е еден од предлагачите на законот, предвидува директна управно-судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување.

    -На овој начин ќе се овозможи Фондот да биде тужен орган во управно судската постапка, осигурениците во својство на тужители во контрадикторно- судска постапка да ги остаруваат своите права. Ова е особено значајно затоа што во судската постапка може да се изведуваат вештачења како доказни средства, што не е случај во второстепената управна постапка, и на тој начин одлучувањата за правата на осигурениците ќе бидат на брз и ефикасен начин со правосилни и извршни судски одлуки, рече Марков.

    Дополнително во предлог законското решение е предвидено одлуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена, што ќе значи ефикасна и ефективна постапка во остварувањето на овие права.

    Пратеникот Бојан Стојаноски ја образложи потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, по скратена постапка.

    – Овој закон е во директна корелација со планот за економска трансформација на земјата бидејќи ја уредува државната помош за инвестициите и во насока на директно намалување на невработеноста, но и на покачување на економскиот стандард. Укажуваме на една потреба на редефинирање на државната помош кон инвестициите, со тоа што ќе редефинираме во законот кој може да добие државна помош за да почне одредена инвестиција или бизнис. Второ, даваме две комисии за евалуација за тие кои поднесуваат, би кажал, апликација за да добијат државна помош, рече Стојаноски. Се создава и комисија за надзор бидејќи, појасни тој, досега немало вакво тело. Надлежен орган за тоа ќе биде Министерството за економија.

    Собранието не го прифати предлогот на пратеникот Халил Снипче за ставање на дневен ред Декларација за Газа.

    Во продолжение пленумот работи по други две седници.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.