Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Намалувањето е присутно во сите клучни сектори, при што најголем пад има во рударството и вадењето камен, во преработувачката индустрија и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Негативниот тренд продолжува и на ниво на првите два месеци од годината, каде што бројот на работници е намален за 3,5 отсто во однос на истиот лански период.
Единственото позитивно движење во овој период е забележано во групата трајни производи за широка потрошувачка, каде што бројот на вработените е зголемен за 1,6 насто.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
