Водачот на десничарската партија „Алтернатива за Германија” (АфД), Тино
Хрупала која има висок рејтинг меѓу гласачите, изјави дека Русија не
претставува закана за Германија, но дека Полска би можела да биде.
Изјавата предизвика остри реакции во Берлин, каде што центристичките
партии ја обвинија АфД дека станува гласот на Путин во германскиот
парламент. Хрупала пак тврди дека „Путин не му направил ништо” и дека
„секој може да биде потенцијална закана”.
Изјавата доаѓа во моментот кога дел од раководството на партијата се
подготвува да патува за Сочи на Конференција на БРИКС.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
