Исламската револуционерна гарда соопшти дека тие „ќе го одредат крајот на војната”, отфрлајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот со Иран наскоро би можел да заврши.
„Условите на бојното поле и крајот на војната се во рацете на Иран”, се додава во соопштението.
Претходно Трамп пак изјави дека смета оти војната со Иран во голема мера е завршена.
„Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловство. Едвај имаат нешто ракети. Во воена смисла, ништо не им остана”, изјави Трамп.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
