Веднаш по пристигнувањето на воените турски беспилотни летала во Косово, имаше остра реакција од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој истакна дека Турција сонува за обнова на Отоманската Империја и остро го осуди потегот на Анкара повторено да даде оружје на Косово. „Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и од континуираното вооружување на властите во Приштина. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката”, рече Александар Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

