Србија има уште четири дена до целосно затворање на рафинеријата доколку САД не ја одобрат лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија. Ова го кажа претседателот Александар Вучиќ додавајки дека Рафинеријата работи тивко и сè уште не е затворена.
На 18 ноември, НИС побара посебна лиценца од САД за работа додека траат преговорите за промена на сопственичката структура што беше иницирана по наметнатите санкции од страна на Вашингтон.
„Ни остануваат денес и утре за да ја добиеме лиценцата. Се соочуваме со големи проблеми без наша вина”, истакна српскиот претседател.
Санкциите на САД врз НИС стапија на сила на 9 октомври во обид на Вашингтон да ја спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина. За потсетување, во 2008 година, српската влада продаде 51% удел во НИС на руската државна компанија „Газпром Нефт”.
