Александар Вучиќ вечерва призна дека неговата изборна листа загубила на предвремените парламентарни избори во Србија, откако соопшти дека студентското движење освоило мнозинство во новиот состав на Народното собрание.
„Победи студентската листа. Тие имаат меѓу 135 и 140 мандати, ние имаме 105 мандати. Изгубивме“, изјави Вучиќ.
Според податоците што ги презентираше српскиот претседател, студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека листата предводена од него добила околу 1,72 милиони гласови.
Вучиќ се осврна и на тврдењата на политичките противници дека по изборите дел од претставниците на власта ќе ја напуштат земјата.
„Говореа дека некој ќе бега, дека ќе ги пакува куферите. Лажеа“, рече тој.
Тој најави дека неговата политичка опција ќе продолжи да делува од опозициските клупи во парламентот.
„Ќе имаме 105 или 106 пратеници. Ќе се бориме и ќе покажеме што е опозиција“, порача Вучиќ.
Доколку се потврдат бројките што ги објави, студентската листа би имала самостојно мнозинство во Народното собрание на Србија, кое брои 250 пратенички места.
Сепак, станува збор за изборни проценки изнесени од Вучиќ, додека конечната распределба на мандатите треба официјално да ја утврди Републичката изборна комисија.
