Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Вучиќ: Најтешките злосторства врз Србите не се опфатени со пресудата за Тачи
    Свет

    Вучиќ: Најтешките злосторства врз Србите не се опфатени со пресудата за Тачи

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи по пресудите што Судот во Хаг им ги изрече на поранешните лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, оценувајќи дека најтешките злосторства врз Србите не биле опфатени со судската одлука.

    Вучиќ порача дека зачувувањето на мирот и стабилноста е најважниот приоритет за Србија, но истовремено истакна дека, и по речиси три децении, емоциите околу конфликтите на просторот на поранешна Југославија сè уште се силни.

    „Тоа покажува дека е направена голема неправда, но и дека сите заедно не бевме доволно подготвени да се соочиме со сопствените грешки и со злосторствата што беа извршени во наше име“, изјави Вучиќ.

    Тој потсети дека станува збор за првостепена пресуда и нагласи дека четворицата обвинети се осудени на вкупно 81 година затвор.

    Според него, судот не утврдил дека постоел широко распространет или систематски напад врз цивилното население, поради што обвинетите биле ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото.

    Вучиќ посочи дека пресудата се однесува исклучиво на воени злосторства, односно незаконско лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиства.

    Тој наведе дека, според пресудата, обвинетите се прогласени за виновни за незаконско лишување од слобода на најмалку 385 лица, сурово постапување кон најмалку 49 лица, мачење на најмалку 303 лица и убиства на најмалку 96 лица.

    Истовремено, Вучиќ оцени дека судот не ги опфатил злосторствата извршени врз Србите по 20 јуни 1999 година, бидејќи оценил дека по доаѓањето на КФОР повеќе не постоел вооружен конфликт на Косово.

    Тој истакна и дека случајот со наводната трговија со човечки органи, познат како „Жолта куќа“, не бил дел од обвинението поради недостиг на докази.

    Според српскиот претседател, судот не ја прогласил ОВК за криминална организација, туку одговорноста ја ограничил на поединци, без да ја оценува легитимноста на организацијата или нејзината цел за создавање независно Косово.

    Поврзани вести:

    Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за злосторства во Косово

    Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за злосторства во Косово

    Петмина загинати откако руски дрон погодил минибус во Украина

    Петмина загинати откако руски дрон погодил минибус во Украина

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    Фотографии што ја откриваат штетата во американските бази по иранските напади

    Фотографии што ја откриваат штетата во американските бази по иранските напади

    Саудиска Арабија откажа дел од септемвриските испораки на сирова нафта за Европа

    Саудиска Арабија откажа дел од септемвриските испораки на сирова нафта за Европа

    Зеленски: Тестираме ново оружје за пресретнување дронови

    Зеленски: Тестираме ново оружје за пресретнување дронови

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вучиќ србија хаг хашим тачи
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за злосторства во Косово

    16/09/2026

    Петмина загинати откако руски дрон погодил минибус во Украина

    16/09/2026

    Републикански конгресмен побара внимателно да се следат изборите во Србија

    16/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.