По шест години од периодот пред короната, повторно е воспоставен директен лет на релација Милано-Охрид, што претставува значаен момент за пациентите од Италија кои доаѓаат на стоматолошки третмани во центарот „Д-р Баткоски“. Пациентите од Италија и во годините кога немаше директна авиолинија континуирано доаѓаа во Охрид и го избираа центарот „Д-р Баткоски“, а со повторното воведување на летот нивното доаѓање сега станува уште поедноставно и покомфорно.
Новата група пациенти беа пречекани со подароци и топло добредојде, како искрен знак на благодарност што повторно го избираат Охрид и тимот на „Д-р Баткоски“. За центарот, ова не е само уште едно пристигнување, туку важен сигнал дека условите за доаѓање на пациенти од странство повторно се подобруваат и дека Охрид добива нова предност во развојот на стоматолошкиот туризам.
Станува збор за пациенти кои доаѓаат за нови случаи, нови третмани и нови трансформации, но и за продолжување на приказни започнати уште пред години. Дел од нив повторно се враќаат таму каде што веќе добиле квалитет, сигурност и професионален однос, а дел допрва ќе го започнат своето искуство со Центарот што веќе изгради препознатливост и кај домашни и кај странски пациенти.
