Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес во Црна Гора оствари средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад.
На разговорот биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, европските перспективи на Македонија, како и поддршката од Франција во процесот на интеграција во Европската Унија.
Муцунски ја нагласил посветеноста на Владата кон спроведувањето на реформите и остварувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Воедно, посочил дека е потребно забрзување на европскиот интегративен процес.
На средбата биле разменети мислења и за актуелните состојби во регионот, при што била истакната улогата на Македонија како конструктивен и одговорен партнер во Западен Балкан и пошироко во Европа.
