Бугарија пак влегува во политичка криза. Вратен е мандатот за формирање на влада кој го додели претседателот Румен Радев. Имено, бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од бугарскиот претседател.
Инаку, уште во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот.
Се очекува Радев да го додели мандатот на друга партија, но од Жељазков веке се зборува за нови избори и тој кога го врати мандатот го посочи 29 март како датум за ново гласање во Бугарија. Тој рече дека кризата не треба да се претвори во политичка и институционална.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







