Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени
    Свет

    Вооружен напад пред средно училиште во Турција, осуммина повредени

    22/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Осум лица се повредени во вооружен напад што утрово се случи пред стручното и техничко училиште „Тургутлу Инџи Узмез“ во областа Тургутлу, во турската провинција Маниса.

    Според информациите од Канцеларијата на гувернерот на Маниса, инцидентот се случил околу 8 часот, кога непознато лице отворило оган во близина на училиштето. По пријавата, на местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, а осомничениот напаѓач бил приведен од страна на полицијата.

    Повредените лица биле транспортирани со возила на итната медицинска помош во Државната болница во Тургутлу. Според првичните информации, едно од ранетите лица се наоѓа во критична состојба.

    Безбедносните камери го снимиле осомничениот како се движи по улицата со пушка во рацете, по што се оддалечува од местото на настанот.

    По пукањето, пред училиштето пристигнале голем број вознемирени родители кои барале информации за своите деца. Полициските службеници го обезбедиле просторот и презеле мерки за смирување на ситуацијата и спречување дополнителна паника.

    Областа околу училиштето останува под полициско обезбедување, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат мотивите и сите околности за вооружениот напад.

    Поврзани вести:

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    Русија и Украина ги почнуваат првите директни разговори по девет месеци во Абу Даби

    Русија и Украина ги почнуваат првите директни разговори по девет месеци во Абу Даби

    Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

    Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

    Нови сигнали од мировните разговори: Русија и Украина поблиску до компромис?

    Нови сигнали од мировните разговори: Русија и Украина поблиску до компромис?

    Трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик

    Трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик

    Трагедија кај Крит: Пронајдени 12 мртви мигранти на брод

    Трагедија кај Крит: Пронајдени 12 мртви мигранти на брод

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    10/11/2026

    Русија и Украина ги почнуваат првите директни разговори по девет месеци во Абу Даби

    10/11/2026

    Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.