Грчките власти утрово пронајдоа 12 безживотни тела на брод со мигранти што пловел јужно од островот Крит, соопшти грчката крајбрежна стража.
Според информациите, товарен брод кој поминувал низ областа успеал да спаси 18 лица од истиот брод и да ги предаде на надлежните служби.
Пловилото било пронајдено на околу 28 километри јужно од Крит. Засега нема информации за идентитетот на загинатите, ниту за причините и околностите под кои дошло до трагичниот настан.
Грчките власти продолжуваат со проверка на сите детали поврзани со несреќата, вклучително и потеклото на мигрантите и нивниот број на бродот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
