Дел од војниците на САД предупредуваат дека копнена операција во Иран би била „апсолутна катастрофа”. Според американскиот портал „HafPost”, интервјуата со активни војници, резервисти и групи за заштита на правата на војниците откриваат сериозна криза на моралот. Војниците пријавуваат чувство на ранливост, огромен стрес, фрустрација и разочарување.
Воен службеник кој ги лекува евакуираните војници во Регионалниот медицински центар Ландштул во Германија предупредува дека војниците страдаат поради „несоодветна заштита и планирање”, пренесуваат медиумуите.
Иранските балистички ракети и беспилотни летала постојано ги погодуваат американските воени објекти, а бројот на жртви е веќе висок: 13 американски војници се убиени (седум во директни напади), додека најмалку 232 се ранети.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
