Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка
    Култура

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    11/09/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Занаетчиската комора Скопје, во соработка со „Скопје Сити Мол“ и со финансиска поддршка од Град Скопје, од денеска до 13 септември ја организира манифестацијата „Денови на филигран“, посветена на промоција и зачувување на филигранството како еден од највредните традиционални занаети.

    Посетителите ќе имаат можност да ја запознаат уникатната уметност на филигранот, да видат рачно изработени производи од филигранџии и да се запознаат со техниките, знаењето и вештините кои се потребни за создавање на овие автентични дела.

    Целта на настанот е филигранската традиција да се доближи до пошироката јавност, особено до младите, но и да се покаже дека овој занает претставува повеќе од културно наследство.

    Организаторите посочуваат дека филигранството има потенцијал и како современ креативен занает кој може да придонесе за развој на домашни уникатни производи, претприемништво и самовработување.

    На едно место ќе бидат претставени повеќе занаетчии-филигранисти и нивните изработки, во кои традиционалните техники се комбинираат со модерен дизајн и современи трендови.

    Од Занаетчиската комора Скопје нагласуваат дека преку оваа манифестација продолжуваат со активностите за поддршка на занаетчиите, промоција на занаетчиството и зачувување на традиционалните знаења и вештини за идните генерации.

    Поврзани вести:

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.