Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Во понеделник се очекува ново поскапување на горивата, Владата утре ќе усвои мерки за ублажување на ценовниот шок
    Економија

    Во понеделник се очекува ново поскапување на горивата, Владата утре ќе усвои мерки за ублажување на ценовниот шок

    21/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата за утре најавува седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

    -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, брифираат од Владата.

    Од 18 март годинава на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика за нафтените деривати. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

    На 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови.

    Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.