Градоначалникот на Општина Гази Баба денеска на граѓаните им ги додели решенијата за субвенции за набавка на инвертер клима уреди – мерка која носи конкретна финансиска поддршка за семејствата и придонесува кон поекономично користење на електричната енергија.
-Инвертер клима уредите не се само инвестиција во удобноста на домот, туку и во енергетската ефикасност, поефикасното греење и ладење и намалувањето на трошоците за електрична енергија, нагласи Стефковски и додаде дека ваквите програми директно им помагаат на семејствата и покажуваат дека институциите се тука за граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
