Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот, рече директорот на Царина
    Политика

    Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот, рече директорот на Царина

    10/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска на прес-конференција.

    Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, вели директорот Николовски, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ.

    Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

    -Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани, истакна Николовски.

    Поголемата ефикасност и професионалност на Царинската управа, вели, е повеќе од видлива. Нагласи дека ваквите успешни резултати значат побезбедно општество, и значат повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Муцунски трчаше 6 километри низ Скопје со белгискиот министер за надворешни работи

    16/04/2026

    Левица обвини за партизација и притисоци во министерството за земјоделство

    16/04/2026

    ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Венко Филипче пет дена ја слават победата на Маѓар во Унгарија

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.