Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок, a новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот.
Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни метри и е наменет за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина.
-Со успешната реализација на овој проект, уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за континуирано вложување во спортската инфраструктура.
Продолжуваме да создаваме современи услови за активен живот на сите генерации – објави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
