Полската амбасада во Македонија, во соработка со организацијата Equality во Кисела Вода ќе градат „Парк за еднаквост“ за лицата со посебни потреби.
- Вакво нешто не постои никаде во Македонија. Ја видовме потребата да се создаде такво место во македонската престолнина, што претседателот на Equality, Гере Трипков, само ја потврди. А, бидејќи сакаме да работиме со позитивни луѓе, ние ги активиравме нашите контакти и го добивме! Изградбата ќе започне наскоро, а за неколку месеци ќе ги објавиме резултатите – соопштија од амбасадата на Полска.
Од невладината организација порачаа дека инкулизноста не е луксуз и дека дека со гордост го најавуваат почетокот на многу значаен проект што ќе го промени изгледот на Град Скопје и ќе биде мотив плус за нивната заедница.
- Овој интергациски и инклузивен парк е замислен како безбеден, достапен и инспиративен простор за сите, вклучително и за лицата со попреченост, каде сите ќе можат да се дружат, забавуваат, релаксираат и социјализираат. Проектот настана како резултат на соработка со Амбасадата на Полска, која ја препозна важноста на создавање на еднакви можности и хумани вредности, без разлика на неговите физички или интелектуални способности, објаснија организацијата Equality.
Во Паркот на еднаквост предвидени се: пристапни патеки и игралишта, интерактивни и сензорни содржини, зони за играње пристапни за лица со мобилна попреченост, простори за културни и едукативни настани и аудитивни табли за лица со оштетен вид.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
