Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Во Франција откриени смрзнати српски малини со канцероген кадмиум, дали има опасност за македонските граѓани?
    Република

    Во Франција откриени смрзнати српски малини со канцероген кадмиум, дали има опасност за македонските граѓани?

    03/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во пратка со замрзнати малини испратена од Србија кон Франција е откриено зголемено присуство на кадмиум, тежок метал кој претставува сериозен ризик по човековото здравје. Според податоците објавени од Европската комисија преку системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF), нивото на контаминација било речиси двојно повисоко од дозволените граници.

    Француските надлежни служби ја задржале пратката веднаш по лабораториските анализи, спречувајќи таа да се најде на пазарот. Информацијата била официјално објавена на 30 април, а случајот е означен како „сериозен ризик“ за потрошувачите.

    Во анализираната пратка е утврдено присуство на 0,071 милиграми кадмиум по килограм малини, додека максимално дозволената граница во Европската унија изнесува 0,04 милиграми по килограм. Ова значи дека измерената вредност значително ја надминува безбедносната граница поставена за заштита на здравјето на потрошувачите.

    Кадмиумот е познат како еден од најопасните тешки метали во синџирот на исхрана. Тој се акумулира во човечкото тело, првенствено во бубрезите и црниот дроб, а неговото исфрлање може да трае децении – од 10 до 30 години. Долготрајната изложеност се поврзува со сериозни здравствени последици, вклучувајќи оштетување на бубрежната функција, а Светската здравствена организација го класифицира како потенцијално канцероген.

    Со оглед на тоа дека многу српски производи се увезуваат во Македонија, прашањето е дали од овие малини има пристигнато и кај нас. Ако од истиот призводител има од овие малини на македонскиот пазар, АХВ треба да реагира под итно и да направи соодветни проверки.

    Поврзани вести:

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    ахв кадмиум опасност српски малини
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Безбеден град“ наскоро ќе препознава и возачи без кацига, најави министерот Тошковски

    03/10/2026

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    03/10/2026

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.