Во паркот Патрик во Општина Аеродром е поставена првата од вкупно пет нови фитнес зони планирани за оваа година.
Од Општината најавуваат дека следниот период фитнес зони ќе се постават и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче.
Продолжуваме да го претвораме Аеродром во уште поактивна и здрава општина! , наведува градоначалникот Дејан Митески во објава на Фејсбук.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
