Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е за 535.697 повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во овој период биле реализирани 16.280 летови, односно 1.295 повеќе од 2025 година. Според партијата, рекордни резултати се забележани во јули, кога скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, што е раст од 29,5 проценти, а охридскиот 52.544 патници, или раст од 41,2 проценти.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека зголемениот број патници значи повеќе туристи и поголема активност во туристичкиот и услужниот сектор, како и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
