Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира на „еуфоријата” што владее во таборот на СДСМ по поразот на Орбан во Унгарија на „Бихаќка” која изгледа како „СДСМ да победил и Филипче само што не станал премиер.
-Радувањето на СДС и Филипче за изборните резултати во пријателска Унгарија е неразбирливо од причина што сепак победник е партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, а нивната сестринска партија освои околу 1 % од гласовите и остана надвор од парламентот – нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека политиките на СДСМ се антидржавни и дека партијата и Филипче енергијата треба да ја насочат во сопствените редови и да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, а актуелни се дистанцираат од лидерот на партијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
