Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Политичката борба има граници, здравјето на граѓаните не е тема за манипулации
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Политичката борба има граници, здравјето на граѓаните не е тема за манипулации

    15/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и неговото раководство, како што велат од партијата, поради недостиг на политички идеи и конкретни решенија повторно се обидуваат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните преку ширење дезинформации.

    Од владејачката партија тврдат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, додека се наоѓа на одмор на Егејот, преку партиските структури давал насоки за ширење паника на социјалните мрежи во врска со квалитетот на водата во Скопје.

    „Додека Венко Филипче и Зоран Заев се на одмор на Егејот, решиле да водат политика преку ширење дезинформации и создавање страв кај граѓаните“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата оценуваат дека информациите за наводна неисправност на водата во главниот град биле неодговорни, додавајќи дека надлежните институции реагирале и со официјални податоци ги демантирале тврдењата.

    ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Министерството за внатрешни работи презело активности за утврдување на потеклото на информацијата и евентуалната одговорност за нејзиното ширење.

    „Филипче и СДСМ не треба да си играат ниту со довербата на јавноста, ниту со чувството на сигурност на граѓаните, а најмалку со прашања поврзани со нивното здравје“, се наведува во соопштението.

    Од владејачката партија додаваат дека политичката борба, според нив, мора да има граници и го повикуваат СДСМ наместо, како што велат, „лаги и страв“, да понуди конкретни политики и решенија.

    ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Владата во моментов е фокусирана на економијата, инвестициите, зголемувањето на платите, инфраструктурните проекти и подобрувањето на животниот стандард, додека СДСМ го обвинуваат за враќање кон, како што велат, „старото сценарио на дезинформации и создавање хаос“.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.