„Двојните стандарди на СДСM и Филипче и контрадикторности во нивното политичкото дејствување не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина. Дека тие немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДСМ се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, СДСМ е партија на криминал и криминалци во своите редови и додека се продаваат како европска опција најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени.
„Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани“, категорични се од ВМРО-ДПМНЕ.
