Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Владата најавува интервенција по новите поскапувања на горивата
    Економија

    Владата најавува интервенција по новите поскапувања на горивата

    25/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата размислува за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата како дел од пакетот мерки за справување со растот на цените, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Најавата доаѓа по две последователни поскапувања на горивата, предизвикани од кризата на Блискиот Исток и растот на цената на суровата нафта.

    Мицкоски изјави дека Владата има јасен план и стратегија за справување со состојбата и дека анализите покажуваат оти нестабилноста во регионот може да потрае подолг временски период.

    „Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи оваа состојба што се случува во Заливот може да потрае и неколку години“, изјави премиерот.

    Тој нагласи дека сите чекори ќе се преземаат внимателно, со цел да не се наруши макроекономската стабилност, но истовремено да се обезбедат што е можно пониски цени на горивата за граѓаните и стопанството.

    Според премиерот, Македонија располага со доволни резерви на нафта и нафтени деривати и во моментов нема простор за загриженост околу снабдувањето.

    „Имаме доволно за да опслужиме конзум на нафта и нафтени деривати за 50-60 проценти од времето пред кризата“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека државата продолжува да обезбедува гориво и за дел од соседните земји преку реекспорт и ги повика граѓаните да останат смирени.

    Во однос на цените, Мицкоски оцени дека Македонија и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот, наведувајќи дека дизелот е значително поевтин отколку во повеќе соседни држави.

    Премиерот посочи и дека, и покрај зголемената потрошувачка на горива, економската стабилност е зачувана, а инфлацијата во јули изнесувала 2,3 проценти на годишно ниво.

    Тој направи споредба со 2022 година, кога инфлацијата, според него, достигнала 16 проценти, оценувајќи дека актуелната Влада успеала да ја стабилизира економијата.

    Осврнувајќи се на критиките од опозицијата, Мицкоски ги обвини политичките противници дека секојдневно шират, како што рече, лаги и конструкции, додавајќи дека е подготвен да носи и непопуларни одлуки доколку тие се во интерес на државата.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.