Жителите од улица Македонија побарале воспоставување на урбана полиција.
„Во отворен разговoр со жителите на улица Македонија, која е сведок на сите пресврти во Скопје, од Јени Џаде преку Крал Петар и Маршал Тито до денешниот урбан ритам, ги информирав за плановите за решавање на проблемите“, објави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи.
„Жителите особено беа заинтересирани за воспоставување на комунална полиција со што ќе се стави крај на гласната музика и своеволноста во поставување урбана опрема. Заедно со граѓаните, уметниците и младите ќе работиме центарот на Скопје да биде вистински урбан салон, отворен за култура забава и нови спомени“, напиша Герасимовски.
Повеќе на линкот во продолжение:
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
