Локалните избори се веќе распишани за 19 октомври, а сите кандидатите се очекува да
бидат познати до крајот на месецов. Поголемите политички партии веќе ги објавија
имињата на повеќето кандидати. Засега останува енигма колку политички партии и нгрупи
граѓани ќе имаат свои кандидати за градоначалници и за советници.
Во Единствениот регистар за политички партии кој се води во Основниот граѓански суд
Скопје до 7 август годинава биле евидентирани вкупно 66 политички партии, а една е во
процес на регистрација.
Зелен хуман град и Зелените од Гази Баба, Шанса за Центар и Независните за Карпош, кои
имаа свои претставници во советите, решија да формираат партии откако не беа
донесени измени на Изборниот законик во однос на собирањето потписи за независните
кандидати односно група избирачи, како што се посочува во законот.
