Вонредна состојба е прогласена во бугарските приморски општини Несебар и Царево, откако по поројните дождови и поплави загинаа три лица.
Според официјалните извештаи, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, а загинаа и багерист-доброволец кој расчистувал и граничен полицаец, додека спасувал други лица.
Штетите се огромни, а се стравува дека по повлекувањето на водата, бројот на загинати може да се зголеми.
Во населбата Изгрев наврнале над 410 л/м², а во градот Царево – околу 225 л/м², што довело до оштетувања на патната инфраструктура, се урнале мосто и се потопиле објекти. Населението од погодените мести е евакуирано.
Војската е на терен и работи на расчистување на коритото на реката, како и на ослободување на деловите што се блокирани од наносите. Причина за поплавите покрај обилните дождови е и тоа што коритата на реките не биле претходно исчистени, што довело од излевање на водата.
Целиот регион погоден од невремето се соочува со прекини во електрична енергија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
