Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»(Видео) Силно невреме го претвори Скијатос во „река“, поплавени улици и локали
    Свет

    (Видео) Силно невреме го претвори Скијатос во „река“, поплавени улици и локали

    27/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Силно невреме го зафати грчкиот остров Скијатос во саботата вечерта, при што за кратко време дел од улиците беа претворени во поројни водотеци.

    Невремето започнало околу 19 часот, а најпогодени биле централните делови на островот и крајбрежниот појас. Според грчките медиуми, огромни количества вода се слевале низ улиците кон морето, носејќи со себе различни предмети и предизвикувајќи штети.

    Пороите однеле маси, столици и опрема од угостителски објекти, а водата навлегла и во повеќе локали, каде што предизвикала оштетувања на инвентарот и опремата.

    Интензитетот на врнежите бил исклучително силен. Според мерењата, дневната количина на дожд достигнала 67,2 милиметри, додека околу 19:20 часот интензитетот достигнал 281 милиметар на час.

    Иако најсилниот бран на дожд траел само околу 30 минути, последиците биле видливи на повеќе места. Дел од улиците изгледале како вистински реки, а на крајбрежјето водата создала впечаток дека улиците се споиле со морето.

    Откако водата се повлекла, сопствениците и вработените во локалите започнале со расчистување и проценка на штетите. Најпогодени биле објектите кои се наоѓаат во пониските делови на островот.

    Невремето предизвикало и прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скијатос, а вода навлегла и во простории на локалното стручно училиште.

    Проблеми имало и во сообраќајот, а според локалните информации, временските услови довеле и до откажување на одредени летови. И покрај силниот дожд и поплавите, засега нема информации за посериозни последици или повредени лица.

    Поврзани вести:

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дожд одмор скијатос
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    20/11/2026

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.