Во организација на Здружението на бизнис жени со поддршка на Општина Карпош, синоќа се одржа женско бизнис дружење со цел, поттикнување на нови соработки и јакнење на заедницата на жени претприемачи во Карпош.
На средбата присуствуваа претставничките од бизнис секторот како и координаторката за еднакви можности на жените и мажите при Општина Карпош, Виолета Михајловска.
„Би сакала да истакнам дека Карпош е меѓу првите општини која формимираше локален Совет за женско претприемништво. За таа намена Општина Карпош годинава издвои 200.000 денари за спроведување на проект за поддршка и развој на женското претприемништво преку вмрежување и политики, “ – објасни Михајловска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
