Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради на територијата на Карпош се дел од проектите на Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник.
„Знаеме дека голем број згради, особено постарите, со години се соочуваат со исти проблеми: дотраени фасади, нефункционални лифтови и недоволна заштита на влезовите. Со овој проект воведуваме и субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигнеме поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош. Истовремено ќе обезбедиме замена на сите клучни безбедносни компоненти на постоечките лифтови, од сајли сопирачки до ултразвучни механизми и системи за итни случаеви. Дополнително во сите влезови ќе бидат поставени шифрарници за поголема контрола и безбедност на станарите, за спречување и злоупотреба од трети лица“, објави Лукровски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
