Нови видеоснимки откриваат како изгледале иранските напади врз големата американска воена база „Камп Буеринг“ во Кувајт, извршени на почетокот на војната со Иран пред седум месеци. Снимките, до кои ексклузивно дојде американската телевизија Си-Би-Ес, прикажуваат удари со балистички ракети и беспилотни летала, силни експлозии и оштетувања на објекти и воена опрема.
Според сведоштвата на американски војници, во нападите учествувале и ирански борбени авиони Ф-5, кои летале на исклучително мала височина над базата. Автентичноста на снимките е потврдена преку анализа на метаподатоците и споредба со фотографии од оштетените објекти. Базата, која се наоѓа на околу 40 километри од границата со Ирак, повеќе од две децении претставува важна логистичка и транзитна точка за американските сили на Блискиот Исток. Пред почетокот на војната, поголемиот дел од приближно 7.000 американски војници биле преместени на други локации, но во базата останале околу стотина припадници на вооружените сили. Тие биле изложени на повторени ракетни и беспилотни напади, а дел од војниците сведочат дека биле принудени постојано да бараат засолниште во бункерите.
Дополнителен проблем претставувал недостигот од муниција со калибар 12,7 милиметри, како и загриженоста за резервите на опрема за противвоздушните системи „Патриот“. Поради влошената безбедносна состојба, американската команда одлучила војниците да се повлечат од базата и да формираат привремени позиции во кувајтската пустина. Во овие напади немало загинати американски војници од непријателски оган, но неколкумина биле повредени, додека двајца војници на привремените позиции настрадале од удар на гром за време на песочни бури.
Според извештајот на главниот инспектор на американското Министерство за одбрана, во војната со Иран е изгубена или оштетена воена опрема вредна до 3,7 милијарди долари, вклучувајќи и десетици летала. Американската централна команда одбила да ги коментира нападите, додека новообјавените снимки отвораат дополнителни прашања за подготвеноста и заштитата на американските воени бази во регионот.
New videos obtained exclusively by CBS News show Iranian attacks on a major U.S. military base in Kuwait as the war with Iran kicked off seven months ago. The footage was recorded by a person stationed at Camp Buehring and captures the moments of impact and the aftermath. U.S. Central Command declined to comment and the Pentagon pointed back to Defense Secretary Pete Hegseth’s comments on March 4 regarding the removal of U.S. troops.
— CBS News (@CBSNews) October 7, 2026
