Јавното обвинителство отвори постапка поради скандирања со националистичка и етничка содржина, вклучувајќи повици за „Голема Албанија“, „Илирида“ и „Чамерија“, кои се слушнаа од трибините пред неколку илјадната публика на натреварот меѓу Шкендија и Карабах. Навивачите не ги почитуваа апелите на клубот, ФФМ и политичките партии. Со реакција се јави и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
„Сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество- потенцира Силјановска Давкова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
